#385944

Anonymous

image

http://mn.mk/aktuelno/6353-Polna-poddrska-od-Putin

Полна поддршка од Путин 

Средбата со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург претствува импулс за економската соработка меѓу двете земји, бидејќи добиена е позитивна реакција за приклучување на Македонија во енергетскиот проект Јужен поток и за гасификацијата, изјави по средбата премиерот Никола Груевски.

– Имав можнст со Путин да разменам мислење за повеќе работи, но и на некој начин да се даде импулс на нашата понатамошна економска соработка. Средбата дава еден импулс на економската соработка. Добивме на некој начин позитивна реакција за приклучување на Македонија во Јужен Поток, односно, проектот Јужен Поток да поминува низ Република Македонија што ќе биде една нова можност и една нова шанса за државата. Исто така, добивме позитивно размислување за спроведување на проектот за гасната инфраструктура во РМ. Се надевам, некаде до крајот на оваа година ќе успееме да почнеме тој проект да се гради, изјави премиерот Груевски.

Тој посочи оти со претседателот Путин разговарале и за понатамошната соработка, односите со Гаспром. – Информирав за тоа дека имаме добри односи дека работиме на понатамошни проекти. Така што од страна на Путин наидовме на полна поддршка, рече шефот на македонската Влада.

На средбата станало збор и за другите компании коишто инвестираат во Република Македонија како Протек груп, компаниите коишто имаат концесии за рудници и други компании. Груевски се осврнал и на одржаните презентации за поволностите за инвестирање во Македонија одржани за време на престојот во Русија во претходните четири дена.

– Практично во четири различни града имавме економска презентација пред поголем број инвеститори од Русија коишто покажуваат интерес да инвестираат во Македонија. Македонија сега нуди одлични услови за инвеститорите, за правење бизнис, одлична бизнис клима и тој интерес ние сакаме да го преточиме во конкретни инвестиции, истакнал премиерот Груевски оценувајќи ја средбата за многу позитивна.

Премиерот Груевски во Санкт Петербург попладнево свечено го отвори и Почесниот конзулат на Република Македонија. Тој треба да се сретне и со губернаторот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

Slavorum

4 User(s) Online Join Server
  • Nefario
  • Lyutenitsa™
  • MD
  • Fia